УЕФА со ново правило: Фудбалерите не може да играат ако не се вакцинирани!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе голема одлука кога станува збор за натпреварувањата под нивна органиација. Возбудувањата ќе продолжат овој месец, а натпреварите во февруари ќе бидат последни на кои ќе може да настапат и невакцинирани фудбалери.

УЕФА на состанокот со клубовите донесе одлука дека мора да се вакцинираат фудбалерите, ако сакаат да настапуваат во европските натпреварувања.

Тие кои не се вакцинирани повеќе нема да може да добијат исклучок и да настапат со негативен ПЦР-тест, туку ќе мора да се вакцинираат.

УЕФА планира ова правило да го задржи и во иднина, па од март ниту еден невакциниран фудбалер нема да може да настапи за својот тим во Европа.