„УЕФА ве лаже за сѐ, Суперлигата е слобода и ќе ги заштити сите!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја нападна Европската фудбалска унија (УЕФА) дека се обидува да ги урне плановите за европска Суперлига со лаѓни приказни за доброто на фудбалот.

Перез на Собранието на клубот кажа дека УЕФА заборави дека Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во светот и има големо влијание во развивањето на светскиот фудбал.

„УЕФА заборави кој е Реал Мадрид. Суперлигата е слобода, ние се обидовме да ја смениме динамиката на фудбалот. Суперлигата е транспарентност, солидарност и финансиски фер-плеј. Проект кој треба да ги заштити сите“, кажа Перез.

Еден од најмоќните луѓе во фудбалот вели дека УЕФА се обидува да го уништи нивниот проект, но Суперлигата останува како идеја која е легална, а негова цел е еден ден да се оствари.