УФЦ ѕвезда го предизвика Зума: Ако си толку жесток ку*вин син, удри ме мене!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Вест хем, Курт Зума ја налути јавноста во Англија, откако се појави снимка на која ја шутира неговата мачка со нога.

Французинот беше снимен како ја брка мачката по кујна, а потоа ја шутира. Снимката привлече големо внимание, но и реакции од познати личности кои го осудија неговиот потег.

Неговиот напад на животното не му се допадна на УФЦ ѕвездата, Јан Блахович. Поранешниот шампион во полутешка категорија го предизвика Зума на пресметка.

„Ако си толку жесток ку*вин син, обиди се и удри ме мене. Го*но од човек“, напиша Блахович.

Зума по ужасната снимка јавно им се извини на сите и кажа дека неговото семејство обожава мачки.