Угледниот „Скај Спортс“ јавува: Манчестер Јунајтед стапил во контакт со Борусија Дортмунд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претставници на Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд почнале да работат на изнаоѓање трансфер решение за Џејдон Санчо.

Во моментов според „Скај Спортс“ се водат дискусии за висината на трансферот и структурата и начинот на плаќање на истиот.

Се верува дека Борусија Дортмунд за Санчо ќе бара сума од 120 милиони евра и ќе притиска трансферот да биде решен до 10 август за кога им е закажано враќањето на подготовки во пресрет на следната сезона.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед не планира да дава толку пари за Санчо и ќе се обиде да го убеди германскиот клуб да ја намали цената за одличниот фудбалер чиј договор истекува во 2022 година.

Во меѓувреме, од Манчестер Јунајтед бараат и алтернативи доколку трансферот на Санчо не успее, па би можеле да го ангажираат Кингсли Коман од Баерн Минхен како резервна опција.