Украина ќе заигра на Мундијалот во Катар со – специјална покана?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Украина требаше да игра на 24 март против Шкотска, но натпреварот беше одложен за јуни, додека вториот полуфинален меч меѓу Австрија и Велс ќе се одигра според планираниот датум.

ФИФА наводно размислувала за опција да ѝ дозволи на Украина специјална покана за настап на Мундијалот во Катар, а тоа го откри претседател на фудбалскиот сојуз на Велс.

„Ако може да се реализира тоа, би било навистина добро. Би било човечки ако не можат да играат во јуни. Но, тоа ќе значи дека на првенството ќе играат 33 екипи, зашто во нашата ждрепка останаа Велс, Шкотска и Австрија, а за нас е голема работа да се бориме за шампионатот“, вели претседателот на федерацијата.