Украина немаше сила за изненадување, Македонија до втора победа на „Жолтиот куп“


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација вечерва ја запиша втората победа на „Жолтиот куп“, откако славеше над Украина со убедливи 31-26.

Македонија не го отвори најдобро натпреварот, а Украина успеа да замине на пауза со предност од 17-13.

Сепак, избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа далеку подобро второ полувреме. „Црвено-жолтите“ брзо го свртеа резултатот, поведоа со 19-18 и од тој момент целосно ја презедоа контролата на натпреварот, за на крајот заслужено да триумфираат со 31-26.