Украинците ја „отпишаа“ својата легенда од живи: Сакаат да му направат пекол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Украина му замери на легендарниот Антолиј Тимошчук што и понатаму живее во Санкт Петербург, а притоа не зборува јавно за војната.

Легендата на украинскиот фудбал се наоѓа под жестоки критики од Киев, а Украинците сакаат да го отпишат од живите, односно да му ја одземат тренерската лиценца, државните награди, рекорди и титули.

Тимошчук остана да живее во Русија и да работи во Зенит без разлика на тоа што Украина беше нападната, а неговиот сонародник Јарослав избега од Санкт Петербург.

Комитетот за етика и фер-плеј на Украина предложи на поранешниот капитен на репрезентацијата да му бидат одземени трофеите, лиценцата и сите други признанија само поради политика.