Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативците на Украина беа запрени на последниот чекор пред пласман на Мундијалот во Катар, откако претходно ја елиминираа Шкотска во полуфиналето на баражот.
Топката по еден слободен удар на Герет Бејл заврши во мрежата на Украина, но тие сметаат дека се ограбени и дека имало прекршок за пенал во претходна акција.
Украинците го обвинуваат шпанскиот судија затоа што не досудил пенал за Украина на крајот на полувремето, кога Јармоленко се избори за топката со Џо Ален и падна во казнениот простор.
Шпанецот беше во комуникација со ВАР-собата, по што реши да не покаже на белата точка, а Украинците сметаат дека тука биле ограбени и не го признаваат поразот од Велс, кој по 64 години ќе заигра на Мундијалот.