Украинец се пожали: Само Ѓоковиќ ми се јави, Федерер и Надал ги нема никаде!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинскиот тенисер Сергеј Стаховски доброволно се врати во Украина, каде што ѝ се приклучи на армијата, а за медиумите откри дека разговарал само со Новак Ѓоковиќ, додека од Роџер Федерер и Рафаел Надал не добил повик.

Стаховски пред неколку дена го остави семејството во Унгарија и се врати во татковината за да земе оружје во раце.

„Децата не знаат каде сум, а сопругата цел ден не зборуваше со мене, кога ѝ кажав што планирам. Немав време за обука, но знам да користам пиштол. Се надевам дека нема да морам да го употребам, но ако мора, тогаш сум подготвен. Во воздух немаме шанси со нив, но во борбите на земја сме посилни од сè“, вели поранешниот тенисер.