Украински фудбалери го напаѓаат Путин: Ѓубре, умри!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинските спортисти испраќаат пораки преку социјалните мрежи откако Русија ја почна инвазијата врз нивната држава.

Русија во раните утрински часови го почна својот напад врз Украина, при што беа нападнати повеќе воени структури ширум државата.

Дел од спортистите испратија брутални пораки до рускиот претседател Владимир Путин, па му посакаа сè најлошо поради неговиот последен потег.

Инстаграм ја избриша објавата на Олександр Зинченко, а слична судбина доживеа и Серги Рибалка, кој е украински репрезентативец и игра во неговата татковина.

И тој беше жесток кога станува збор за Путин, па објави фотографија и напиша „Ѓубре, умри“.