Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Унаи Емери веќе месец дена е без работа и е во потрага по нов ангажман.
Шпанецот на крајот на ноември доби отказ од Арсенал по серијата лоши резултати и така после нешто повеќе од година и пол ги напушти Топџиите.
Емери после тоа се поврзуваше со Евертон, но на крајот овој клуб одлучи да го ангажира Карло Анчелоти за нов тренер.
Сега, како што пишуваат француските медиуми, Монако воспоставил контакт со поранешниот тренер на Арсенал за да се обиде да го ангажира.
Наводно 48-годишниот стратег е фаворит за превземање на францускиот клуб кој исто така ги контактирале и поранешниот тренер на Валенсија, Марселињо и Лорен Блан.
Доколку Емери успее да се договори со Монако, тоа нема да му биде прв пат да води некој француски клуб бидејќи од 2016. до 2018. го предводеше ПСЖ од каде направи трансфер во Арсенал.