Унаи Емери објасни зошто не се ракуваше со Артета (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Астон Вила доживеа тежок пораз на Емирејтс, но повеќе од резултатот внимание привлече моментот по последниот свиреж. Унаи Емери не се ракуваше со Микел Артета, што веднаш предизвика реакции кај јавноста. Шпанецот по натпреварот објасни што всушност се случи.

По натпреварот, камерите го забележаа моментот кога Емери се приближува до клупата на Арсенал, но не доаѓа до ракување со Артета, што предизвика низа шпекулации.

Меѓутоа, шпанскиот стручњак брзо објасни дека зад сето тоа нема никаков конфликт.

“Сè е многу едноставно, сè се гледа на снимката. Сакам тоа да го завршам брзо – ракување па заминување во соблекувалната со играчите и стручниот тим. Го чекав, но тој беше зафатен со помошниците, па решив да заминам. Не гледам никаква проблем во тоа”, рече Емери.