Унгарија се надева на осминафинале: Шкотска ќе има кошмари поради Чобот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Унгарија славеше со 1-0 против Шкотска во Штутгарт во последното коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП)

Херој на Унгарците беше Кевин Чобот, кој постигна гол во 100. минута за победа од 1-0 и чекор напред на својата селекција кон осминафинале.

Унгарија треба да го чека расплетот од останатите групи и да се надева дека ќе има доволно бодови за пласман во осминафинале.

Германија и Швајцарија во вториот меч вечерва одиграа нерешено (1-1).