Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона уште еднаш ги разочара навивачите, па остана без трофејот во шпанскиот Куп, откако беше поразена со 1-2 од Валенсија.
По тешкиот пораз на „Енфилд“ од 0-4 во реваншот на полуфиналето во Лигата на шампиони од Ливерпул, ова е уште еден удар за Барселона, која сезоната ја заврши само со титулата од шпанската Ла Лига.
Навивачите на Барселона сметаат дека еден трофеј е премалку, па Ернесто Валверде е виновник за лошите резултати, но така не мисли претседателот Жозе Марија Бартомеу.
„Секогаш велиме дека Валверде има договор и затоа ќе остане и идната сезона. Не мислам дека тој е виновен за поразот од Валенсија“, порача претседателот.