Управата на Милан е во преговори со легендата на клубот за можно превземање на тренерската клупа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан важеше за еден од најдобрите клубови во Европа, но Росонерите веќе неколку сезони играат под секое ниво.

Милан веќе неколку години го немаме видено во Лигата на Шампионите, а во Серија А од 2011. година кога беа шампиони па до сега исто како да немаат некоја сериозна улога.

Овој клуб доживеа нов удар вчера кога на Сан Сиро беа поразени од Фиорентина со резултат од 3:1 која одигра одличен натпревар на крилјата на искусниот Франк Рибери.

Дека Милан го тресе голема криза најдобро покажува фактот што после шест изминати кола, се наоѓаат на 16. место. Росонерите имаат само две победи и дури четири порази и веќе се шпекулира дека ќе го променат тренерот и дека Марко Џампаоло ќе добие отказ

Весникот Tuttosport објави дека Џампаоло е пред отказ после очајниот старт на оваа сезона, а на негово место би можел да дојде легендарниот напаѓач на овој клуб, Андриј Шевченко.

Наводно, управата на Милан веќе ги реализирала првичните разговорите со селекторот на Украина. Одговорот на Шевченко сеуште не е познат бидејќи моментално има договор со селекцијата на Украина до јули 2020. година.

Како што пишува Tuttosport, Џампаоло доби само еден натпревар како ултиматум и од управата му порачаа дека следниот викенд мора да ја победи Џенова која исто така е во криза. Доколку тоа не се случи, можеме да очекуваме отказ на клупата на Росонерите.

Наводно, доколку Шевченко ја одбие понудата на Милан, на клупата можно е да се врати поранешниот тренер на Росонерите, Џенаро Гатузо.