Управата на Реал Мадрид на состанок, причина е – Мбапе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе неколку години се обидува да го ангажира Килијан Мбапе, но обидите досега беа неуспешни, па во нова офанзива се очекува клубот да тргне во летниот преоден рок кога ќе му заврши договорот на Французинот.

Мбапе јавно кажа дека сака да го носи дресот на „кралевите“, по што се согласи да остане во Париз за повеќе пари, а сега членот на управата на Реал Мадрид, Хозе Мануел Отеро Ластре открива дека тимот планира да испрати понуда за Мбапе во јуни 2024 година.

„Мбапе имаше шанси да потпише за Реал ова лето. За да дојде, требаше да се откаже од големи бонуси кои ги имаше договорено со ПСЖ. Притоа, требаше да платиме и отштета за неговиот трансфер. Да се платат толку пари за играч кој има договор на една година е лудо. Се надеваме дека Мбапе размислува како и Џуд Белингам. Верувам дека ќе дојде во Мадрид“, вели Отеро.