Урнебесна реакција на Фернандеш кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед ?


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Вечерва почнува новата сезона во Лигата на шампиони, а гледачите ќе уживаат во неколку супер-интересни натпревари.

Дербито се игра во Париз каде што Манчестер јунајтед гостува кај ПСЖ, а парижаните сакаат одмазда за минатата сезона.

Во Јунајтед претходните недели не владее најдобра ситуација, односно имаше многу недоразбирања, а се шпекулираше и дека Бруно Фернандеш сака да го напушти тимот во јануари.

Португалецот е дефинитивно најдобар играч на „ѓаволите“, а очигледно во клубот се трудат да го предомислат. Тренерот Оле Гунар Солскјер реши да му ја даде капитенската лента на Фернандеш, а тоа не го очекуваше ниту самиот.

Фернандеш беше изненаден со одлуката на својот тренер и тоа најдобро го покажа кога Солскјер им откри на новинарите дека Португалецот ќе биде капитен.