Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро го откажа настапот на УС Опен поради повреда на коленото.
Поранешниот шампион на УС Опен нема да учествува на неговиот омилен турнир. Тоа беше како што се очекуваше, а денес пристигна и официјална потврда од неговиот тим.
Дел Потро го ќе го пропушти УС Опен поради повреда на коленото што ја претрпе непосредно пред да започне Виблдон и не успеа да се опорави до денес.
Аргентинецот го освои УС Опен пред 10 години, но серија тешки повреди на зглобовите го спречија да го достигне својот целосен потенцијал.
УС Опен ќе стартува на 26 август, а Дел Потра ќе го замени американскиот тенисер Денис Кудла во ждрепката.