Уште е вистински магионичар: Иниеста ги понижи противниците од слободен удар 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Висел Кобе во дербито на 31. коло од јапонскиот шампионат го победи Урава со 5-1, а блескаше Андрес Иниеста.

Неверојатниот шпански фудбалер беше незапирлив за противниците во натпреварот, па постигна два гола и асистенција.

Кобе постигна гол во осмата минута, а потоа во 21. минута на сцена настапи Иниеста од слободен удар од 20 метри.

Иниеста ја заврши приказната во првото полувреме, кога погоди за 3-0 во 35. минута.