Уште еден фудбалер се сели од Јувентус во Милан!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан планира повторно да ангажира фудбалер од вечниот ривал Јувентус во следниот преоден рок, а станува збор за дефанзивецот Даниеле Ругани.

„Калчомеркато“ објави дека 25-годишниот дефанзивец е голема желба на Милан затоа што совршено се вклопува во буџетот на клубот од „Сан Сиро“, кој ќе го има за засилувања во одбрана.

Милан би можел да го купи за 20 милиони евра и да му даде плате од три милиони евра по сезона.

Ругани, првиот фудбалер од Серија А кој беше заразен со коронавирус, би играл на „Сан Сиро“ покрај капитенот Алесио Ромањоли, а многумина ги гледаат нив двајца како стоперски тандем на Италија во следните години.

Оваа сезона во силна конкуренција во Јувентус, Ругани одигра само седум меча, а претходно го носеше дресот на Емполи, кој го продаде за пет милиони евра.