Уште еден фудбалер си оди од Манчестер Јунајтед како позајмен играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер ова лето освен продажбата на играчи ќе мора да размислува и за позајмица на дел од своите млади таленти на кои им даде прилика во првиот тим, но на кои им треба континуитет за да добијат поголемо искуство.

Таков е случајот со Тахит Чонг кој наскоро треба да реализира трансфер на позајмица во Бундеслигата.

Чонг кој вчера одигра некоја минута на натпреварот против ЛАСК Линц и кој има договор со клубот до 2022 година веројатно ќе замине на позајмица во тимот на Вердер Бремен.

Следен од младите играчи кои ќе бидат пратени на позајмица е Џејмс Гарнер, а на заем ќе оди и Тимоти Фосу Менса, како и плеада од играчите од младинскиот погон на клубот.