Уште еден мега-договор во НБА: Лејкерс го „шутна“, а сега си доби 158 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Брендон Инграм потпиша нов, петгодишен договор според кој ќе заработи 158 милиони долари.

Инграм за само една година од доаѓањето од Лејкерс успеа да ги убеди луѓето во Њу Орлеанс дека е вистински избор за нив, па тие ќе градат екипа околу него.

Младиот кошаркар три години беше во Лејкерс пред да се пресели во Њу Орлеанс, во трејд во кој главен беше Ентони Дејвис.

Крилниот кошаркар уште пред стартот на претходната сезона беше во план за максимален договор, меѓутоа поради здравствени проблеми беше „во аут“ некое време.

По враќањето на паркетот, Инграм ја потврди неговата класа и беше прогласен за кошаркар кој најмногу напредувал и беше изгласан за учество во Олстар-викендот.