Уште еден поранешен играч на Арсенал ќе му помага на Љунберг на клупата на „топчиите“


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Поранешниот капитен на Арсенал, Пер Мертесакер ќе работи заедно со Фреди Љунберг со фудбалерите на тимот од Лондон додека не биде договорен долгорочен наследник на Унаи Емери.

Швеѓанецот Љунберг кој беше досегашен помошник на Емери ќе го води тимот во овој период кога има згуснат распоред и ќе се обиде да го издигне Арсенал од катастрофалната серија.

„Топчиите“ немаат победа на последните седум натпревари во сите натпреварувања, а тоа резултираше со отказ за досегашниот предводник на клубот, Унаи Емери.