Уште еден пропаднат талент: Фудбалер на Манчестер јунајтед заврши зад решетки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед игра подобро од претходните сезони, иако сè уште е далеку од битката за титулата во Премиерлигата, но има и такви во клубот на кои ниту сезонава не им оди најдобро.

Фудбалерот на Јунајтед, Мејсон Гринвуд заврши во полиција откако ги прекршил условите да биде пуштен на слобода по сомнежите за силување, физички напад и обид за убиство.

Гринвуд ја контактирал повторно неговата жртва, по што бил приведен во полиција и повторно се соочува со сериозни проблеми.

Англискиот фудбалер во јануари годинава беше уапсен за првпат, по обвинувањето од неговата девојка дека ја претепал.

Гринвуд е надвор од тимот на „црвените ѓаволи“, но и понатаму добива плата од 75.000 фунти неделно.