Уште еден удар за Манчестер Јунајтед, Тотенхем го добива потписот на Регуилон поради една причина


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Веќе извесен период се пишуваше дека Манчестер Јунајтед е најсериозниот кандидат за ангажман на фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Регуилон.

Сепак, во сите написи поврзани со младиот играч се кажуваше дека Манчестер Јунајтед во преговорите со Реал Мадрид инсистирал да нема клаузула според која Реал Мадрид ќе може да повторно да го откупи неговиот договор.

И токму тоа било причината преговорите да запнат, а во последен момент како заинтересиран тим се јавил Тотенхем кој ја прифатил опцијата за евентуално враќање на Регуилон во Реал Мадрид.

Сега останува играчот да се договори со „петлите“ и официјално да стане нов фудбалер на четата на Жозе Мурињо.