Уште една држава ги враќа навивачите на трибини


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Владата на Унгарија реши да дозволи присуство на публика на натпреварите. Унгарците без проблеми ја продолжија прекинатата сезона.

Како што се очекуваше, ќе има некои ограничувања за навивачите. Бројот на гледачи ќе биде ограничен, а меѓу навивачите на трибините ќе мора да има по три столчиња слободни.

Сепак, ова е голема работа за унгарските клубови и навивачите, кои сега ќе имаат поддршка од трибините.

Треба да се каже дека на трибините на натпреварите во српската Суперлига исто така ќе има навивачи, но ќе биде ограничен бројот на 1.000.