Уште една легенда пристигнува во Бока


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бока Јуниорс има во план да ангажира уште еден легендарен фудбалер.

Тимот од Буенос Аирес неодамна ја ангажираше италијанската легенда Даниел Де Роси, а сега дресот на Бока можно е да го облече и напаѓачот од Перу – Паоло Гереро.

Овој 35-годишен фудбалер, според изјавите на аргентинските медиуми е многу блиску до потписот за Бока која за тој потпис ќе треба да му исплати 4,5 милиони долари на бразилскиот Интернационал.

Таа цифра не претставува никаков проблем за аргентинскиот великан, па легендарниот Перуанец судејќи по се набрзо ќе го гледаме во дресот на Бока.

Гереро својата богата кариера ја започна во Алианциј од Лим. На своите 18 години дојде во Баерн каде што играше до 2006. година.

Потоа продолжи да настапува за ХСВ, Коринтијанс и Фламенго, а од 2018. година е член на Интернационал со кој има договор до 2022. година.