Уште една одлична продажба на Челси, заработка и до 33.000.000 евра


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Челси ова лето реализираше навистина неколку одлични излезни трансфери, а таков е и оној на Кирнан Дузбери-Хол.

Играчот за врска кој минатото лето пристигна во пакет со Енцо Мареска од Лестер за 35.000.000 евра, не успеа да ги оправда очекувањата, но Челси нема да има речиси никаков губиток од него.

Имено, 26-годишниот играч за врска се договори со Евертон, кој веднаш ќе плати 28.000.000 евра, а дополнителни 5.000.000 може да стигнат од бонуси.

Ова е дефинитивно одличен потег ако се земе предвид дека Дузбери-Хол одигра 36 натпревари, но претежно како резервен играч и во помалку важни куп мечеви, поминувајќи на теренот околу 1.800 минути.

Пред него, од Челси си отидоа Ѓорѓе Петровиќ (30.000.000), Нони Мадуеке (55+5), Жоао Феликс (30+20), додека се очекува наскоро да заминат – Рахим Стерлинг, Кристофер Енкунку, Бен Чилвел, Аксел Дисаси, а не е невозможно и Николас Џексон.

Фото: Грок АИ