Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бруклин нетс доби големо засилување и тие формираа страшен тим. Почнаа со ангажирање на Кајри Ирвинг, па потоа Кевин Дурант, а неодамна им се приклучи и Џејмс Харден, по што сега стигна и ЛаМаркус Алдриџ.
Алдриџ потпиша едногодишен договор со Бруклин и со неговиот ангажман во Бруклин јасно порачаа дека сезонава ги интересира само освојување на титулата.
Нивното најново засилување во претходните шест сезони играше за Сан Антонио спарс, а претходно девет години беше член на Портланд трејл блејзерс.
Иако Алдриџ има 35 години, сепак може да биде од голема помош за екипата на Бруклин, која неодамна потпиша и со искусниот Блејк Грифин.