Уште една ѕвезда на Манчестер сити се повреди


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер сити со триумф од 3-1 ја совлада Црвена Звезда на почетокот на Лигата на шампиони (ЛШ), но притоа се повреди Бернардо Силва.

Силва мораше да го напушти теренот уште во прво полувреме, а тренерот Пеп Гвардиола кажа дека неговиот тим е во тешка ситуација.

Искусниот фудбалер ќе паузира неколку недели, па така им се приклучи на повредените колеги Де Брајне, Стоунс, Грилиш и Ковачиќ.

„Ова е голем проблем, но нема да се жалам. Ќе се обидеме да продолжиме позитивно со фудбалерите кои ги имаме на располага. Клубовите не можат да си дозволат по 55 играчи“, кажа Гвардиола.