Уште едно заминување од Итихад!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека е готово, искусниот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Како што францускиот „Л`Екип“ наведува, фудбалерот на Манчестер Сити, францускиот интернационалец кариерата ќе ја продолжи во редовите на шампионот на Турција, екипата на Бешикташ.

Насри долго важеше за желба на Роберто Манчини, но откако Италијанецот е отпуштен од клупата на Интер нема да биде ништо од премонот на Французинот на Меаца.

Сега во целата приказна се вклучи Бешикташ, кој сака да ја засили екипата пред предизвикот во Лигата на шампионите.

Клубот од Истанбул го напуштија голем број на фудбалери, заминаа важни играчи како Гохан Торе (Вест Хем), Хозе Соса (Милан)  и Марио Гомез (Волфсбург), па сега управата на клубот има за задача да пронајде адекватни замени.

Насри е прва „мета“ наводно веќе отпочнале преговори со управата на Граѓаните, а според наводите на францускиот весник Насри во Бешикташ прво ќе отиде на едногодишна позајмица.

Тој не е во плановите на Пеп Гвардиола, позајмица звучи како решение, а најверојатно турсккиот клуб во трансферот ќе вклучи и одредени клаузули со што ќе може да потпише перманентен трансфер по истекот на привремениот договор.

Насри кариерата ја почна во Олимпик Марсеј, а после четири години на „Велодром“ отиде во лондонски Арсенал.

За „Топџиите“ одигра 86 натпревари во ПЛ за три сезони на “Емирати“, а потоа следеше премин во Манчестер Сити.

За тимот од „Итихад“ одигра дури 123 премиерлигашки дуели, а постигна и 18 голови.

Настапи 29-годишниот фудбалер и во 41 наврати за репрезентацијата на Франција, но од репрезентативниот фудбал се повлече пред речиси три години после несогласувањата со луѓето од фудбалскиот сојуз од таа земја.