Уште не дојден – веднаш проблеми: Лоши вести за Касемиро и Манчестер јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед наскоро треба да потпише договор со бразилскиот фудбалер Касемиро, кој доаѓа од Реал Мадрид за вкупно 70 милиони евра.

Иако трансферот беше договорен пред неколку дена, сепак Бразилецот ќе мора да почека пред да потпише договор со англискиот гигант.

Бразилскиот фудбалер имал проблеми со вадење на виза и нема да настапи на утрешното дерби против Ливерпул, па така тренерот Ерик Тен Хаг ќе има проблеми во средниот ред.

Касемиро претходно договори соработка со Јунајтед на четири години и ќе добива плата од 410.000 евра неделно, односно двојно повеќе отколку што заработуваше во Мадрид.