Усик: Ако не се борам против Фјури, тогаш воопшто не боксувам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Олександр Усик потврди дека е подобар борец од Ентони Џошуа со втората победа во меѓусебните пресметки и одбрана на појасите на светски шампион во тешка категорија во ВБА, ИБФ и ВБО.

Украинецот со одлука на судиите славеше по 12 рунди, иако еден судија му даде предност на Џошуа.

„Победата ја посветувам на мојата земја, моето семејство, мојот тим и војниците, кои ја бранат земјата“, во солзи кажа Усик.

Веднаш по мечот ја откри својата желба за нова борба, а тоа е со Тајсон Фјури.

„Сигурен сум дека Фјури не е пензиониран. Знам дека сака да се бори со мене. И јас сакам со него. Ако не се борам со Фјури, тогаш воопшто нема да се борам“, порача Украинецот.