До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Светскиот шампион во тешка категорија, украинскиот боксер Олександр Усик, изјави дека посакува последната борба во кариерата да ја има против големиот ривал, Британецот Тајсон Фјури.
Усик во 2024 година го победи Фјури и стана неприкосновен светски шампион, а го совлада и следната година во реванш. Фјури се повлече во 2025 година, но неодамна објави дека повторно се враќа од пензија.
“Во мојата глава, Тајсон Фјури, тоа е последниот танц”, рече Усик за агенцијата Асошиејтед прес.
Двете борби се одржаа во Ријад, Саудиска Арабија, која во последните години беше домаќин на бројни елитни спортски настани.
Усик е непоразен, а ќе се врати во рингот на 23 мај во Египет против кикбоксерот Рико Верхувен и ќе ја брани титулата во верзијата на WBC. Поради војната на Блискиот Исток, неизвесно е дали третата борба помеѓу Усик и Фјури ќе се одржи во Саудиска Арабија. Многу настани се преместуваат или откажуваат, а се шпекулира дека организаторите на Формула 1 ќе ги откажат трките во Саудиска Арабија и Бахреин во април.










