Usik ладнокрвно ги коментира изјавите на Фјури за незаслужената победа: “Тој многу зборува, но…”


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури изрази незадоволство од одлуката на судиите кои го прогласија Украинецот Олександр Усик за победник во нивниот спектакуларен меч за светско првенство во тешка категорија. Иако исходот беше едногласно одобрен од судиите, Фјури смета дека заслужил победа, што дополнително ја подгреа атмосферата по борбата.

На прес-конференцијата по мечот, Фјури изјави дека верува дека тој бил вистинскиот победник и дека судиската одлука претставувала „предвремен божиќен подарок“ за Усик.

Олександр Усик, кој во рингот ја потврди својата доминација и ги задржа светските титули во три верзии, брзо реагираше на коментарите на својот ривал.

„Божиќен подарок? Добро, благодарам. Но, за ваквата победа му се заблагодарувам на Бога, а не на Тајсон. Нема проблем, сепак јас победив,“ рече Украинецот.