Успеа во својата намера: Буфон го израмни рекордот на Малдини во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон од вечерва го израмни рекордот по број на одиграни натпревари во Серија А со тој на легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини.

Буфон вечерва беше во стартниот тим на Јувентус во мечот против Сампдорија и тоа беше 647 дуел за него во шампионатот на Италија, а нема сомнеж дека наскоро ќе стане и рекордер и ќе го надмине постигнувањето на Малдини.

Буфон минатото лето се врати во Јувентус од ПСЖ за да биде замена на првиот голман Војчех Шчесни, а многумина шпекулираа дека рушењето на рекордот на Малдини е еден од неговите мотиви за враќање во Торино.

По Буфон и Малдини, на вечната листа се наоѓа поранешниот напаѓач на Рома, Франческо Тоти со 619 одиграни натпревари во Серија А.