Успешна мисија: Македонија загуби од Романија, но ќе се бори против Чешка за место на СП

Македонија избори меч во следниот круг од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, иако македонските ракометари одиграа полош меч во Романија и загубија со 24-22, но минавме понатаму благодарение на триумфот од првиот натпревар (30-22).

Македонските ракометари имаа добар старт и серија од 3-0, која им донесе водство од 5-2, но Романија се разбуди, па набрзо израмни на 7-7, додека на полувремето резултатот беше 12-12.

Нашиот напад не беше најдобар во второто полувреме, па тоа на средината на вториот дел им дозволи на Романците да создадат предност од 19-16, но Македонија не дозволи сензација, па успешно се бранеше и потоа израмни на 2-21.

Романија во нападот тргна со сите сили и стигна до посакуваната победа од 24-22, меѓутоа тоа не им беше доволно да изборат место во следната фаза и дуел против Чешка.