Утре е важен дена во Барселона: Меси ќе го прекине молкот за неговата иднина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе долго време во медиумите се шпекулира за иднината на Лионел Меси, односно дали тој ќе остане во Барселона или ќе се пресели во некој друг гигант.

Меси не се појавува во јавност, а го нема ниту на прес-конференциите, но аргентинските медиуми најавија дека во сабота ќе објават ексклузивен разговор со Меси.

Договорот со Меси завршува на 30 јуни, а многумина сметаат дека Аргентинецот ќе зборува во интервјуто за неговата иднина.

Уште сега се разгледува опцијата за сезоната 2021/22, а навивачите ги загрижува можноста Меси да си замине од Барселона.

Новиот претседател Жоан Лапорта работи на тоа да го задржи Меси во клубот, а извори од Каталонија тврдат дека преговорите за нова соработка почнале, но Аргентинецот ќе одговори откако сезоната ќе заврши.