Утре се чека официјална потврда: Бундеслигата се враќа на терените на 9 мај!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германија нема дилема за иднината на Бундеслигата и таа ќе продолжи во мај. Утре ќе биде одржан најважниот состанок досега на кој треба да се донесе конечна одлука за судбината.

Видео-конференцијата ќе биде одржана меѓу управата на германското првенство, а меѓу останатото тука ќе биат и министрите за Спорт, кои треба да ја потврдат одлуката за продолжение на сезоната.

Шампионатот ќе биде продолжен на 9 мај, секако доколку утре биде потврдена одлуката за продолжение на првенството.

Сезоната така ќе зврши до крајот на јуни, што е цел наклубовите затоа што така ќе се избегнат компликации околу договорите на тимовите.

Исто така, клубовите ќе имаат шанса да се одморат пред почетокот на следната сезона, иако некои екипи ќе имаат проблеми поради завршницата на Лигата на шампиони.