Узбуна во Мадрид: Куртоа нема да настапи против Сити во ЛШ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид успеа да слави во „Ел Класико“ против Барселона, но потоа ја испушти предноста на табелата со поразот во мечот против Бетис вчера, а притоа тие го загубија и Тибо Куртоа, кој се повреди.

Белгиецот мечот го заврши со болки, па сега се шпекулира дека Куртоа би можел да отсуствува во следните две недели.

Во тој период Реал игра против Еибар и ќе се соочи со Манчестер сит во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони во кој ќе се обиде да ја надополнат од првиот меч (1-2).

Зинедин Зидан на мечот нема да може да смета ниту на капитенот Серхио Рамос поради црвен картон, па Реал ќе има пеколна задача и без Куртоа да се пресмета против „граѓаните“.