До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Монако и Лион вчера одиграа важен натпревар во рамките на француската Лига 1 на стадионот Стад Луј II, а Лион на крајот славеше со 3:1.
Во 70. минута дојде момент кој целосно ја засени играта – Кулибали направи брутално незгоден прекршок над играчот на Лион, поради што судијата веднаш извади црвен картон.
Судијата не размислуваше двапати – го отстрани Кулибали од теренот, оставајќи го Монако со играч помалку во моментот кога уште бараа како да се вратат во натпреварот.
На социјалните мрежи брзо се појавија остри реакции. Еден навивач напиша: “Ова е за затвор, а не за црвен картон”, мислејќи на тежината на стартот.
🤯 Страшен старт на Кулибали против Николас Талиафико. Со криминал силно е кажано, очигледно Мамаду беше исклучен и меѓу сите можни сценарија аргентинецот излезе добро од оваа акција. #ASMOL pic.twitter.com/jvO1rSqo5Y
— Себастиан Диагама (@SebastianDiaga2) Јануари 3, 2026
















