Ужасен старт за Јувентус – вакво нешто им се случило само еднаш во претходните 52 години!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Враќањето на италијанскиот тренер Масимилијано Алегри во Јувентус не донесе ништо добро, барем на почетокот на сезоната затоа што поранешниот шампион има само еден освоен бод.

Јувентус одигра реми со Удинезе, а потоа следеа порази од Емполи и Наполи. Најтрофејниот италијански тим е далеку од Скудетото, но уште е рано да се зборува за титулата.

Поразите од Емполи и Наполи му носат лоша статистика на Јувентус, кој имал ваков лош старт само еднаш во последните 52 години.

Интересно е тоа што ваков лош старт Јувентус имал во сезоната 2015/16, исто под водство на Алегри, но клубот на крајот стана шампион.