Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во градот Толима, Колумбија се урна една трибина за време на натпреварување со бикови, а првите информации се дека над 500 луѓе се повредени, додека најмалку пет загинаа.
Колумбиските медиуми пишуваат дека службата за спасување се соочува со проблеми затоа што неколку тела се наоѓаат под рушевините и во тек е акција за спасување.
„Има уште луѓе под урнатините, но не знаеме колку. Ова е една од најголемите трагедии во нашиот град и држава“ соопштија од агенцијата за спасување.
Градоначалникот на Толима, Рикардо кажа дека ќе ги преземе сите потребни мерки за да им се помогне на семејствата на настраданите, а исто така во акција го вклучи и самиот врв на државата.