Вацке за трансферот на Халанд: Клубот постои 113 години, а ние игравме 111 без него!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Борусија Дортмунд ова лето ќе остане без најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд, кој се сели во Манчестер сити и се чека само официјална потврда на трансферот на норвешкото чудо од дете.

Познатиот новинар Фабрицио Романо вчера ги објави деталите дека Халанд ќе потпише петгодишен договор со „граѓаните“, а трансферот на еден начин го „потврди“ и Ханс-Јоаким Вацке, кој е еден од најважните луѓе во Дортмунд.

„Ерлинг си донесе одлука. Тој има откупна клаузула и може да замине во секој момент. Нашиот тим постои 113 години, а без Халанд играме веќе 111 години. Го имавме и Левандовски кој си замина од нашиот тим, како и некои други напаѓачи“, вели Вацке.