ВАДА со „шлаканица“ за Италијанецот: Синер е одговорен за членовите на неговиот стручен штаб


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Долго време немаше нови вести за допинг аферата на Јаник Синер, одговорот на Судот за спортска арбитража на жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е закажан за средината на април, но сега најдобриот тенисер во светот има причина да се малку загрижи.

– Синер е одговорен за постапките на својот стручен штаб – изјави Витолд Банка, претседателот на ВАДА, за полскиот сајт „РЗ“.

Да потсетиме, Италијанецот ги објасни двата позитивни допинг теста од Индијан Велс пред 11 месеци така што неговиот тогашен физиотерапевт користел некој лек кој содржел забранета супстанца клобстебол. Со оглед на тоа што го масирал без ракавици, ја пренел на неговата кожа. Агенцијата за интегритет во тенисот (ИТИА) утврди дека Синер не е виновен и затоа го казни само со одземање на поени и пари од Индијан Велс. Но, ВАДА мисли поинаку. Околност што ја олеснува ситуацијата беше што се работеше за само една милијардитна дел од грамот, што е недоволно да влијае на неговата игра.