Вајли: Горд сум на младите кошаркари на Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија загуби од Шпанија на домашен терен со 65-94 во првиот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година.

Кошаркарите на Бајиќ се соочија со светскиот шампион, кој беше апсолутен фаворит во натпреварот и на крајот ја оправда улогата.

Американскиот кошаркар кој го носи дресот на Македонија, Џејкоб Вајли кажа дека се надева на подобар меч против нашиот следен ривал Украина.

„Шпанија е одлична екипа. Горд сум на младите кошаркари, кои се покажаа на теренот. Очекувам да извлечеме поука од натпреварот пред мечот против Украина кој се игра в понеделник“, кажа Вајли.