Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Британските боксери Ентони Џошуа и Дилијан Вајт нема да се борат, откако Вајт падна на допинг-тестот пред битката која требаше да се одржи на 12 август во Лондон.
Вајт побара истрага за случајот затоа што смета дека е невин бидејќи не земал недозволени супстанции.
„Невин сум и барам целосна истрага на случајот. Никој не треба прерано да носи заклучоци и медиумите не треба да ме напаѓаат“, кажа Вајт.
Џошуа во првата борба го нокаутираше Вајт во 2015 година за британската титула во тешка категорија, а ова требаше да биде нивни реванш.