Вака реагираше Меси откако му рекоа дека е „најголем во историјата“ (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Славниот аргентински фудбалер Лионел Меси не можеше да го скрие насмевката кога му рече новинарот дека е „најголемиот некогаш“. Иако никогаш јавно не зборувал за оваа неофицијална титула која ја носи откако со Аргентина го освои Светското првенство во 2022 година, се гледа дека за Меси ваквата реченица има навистина значење.

“Ти си најдобриот некогаш, нели?”, му рече новинарот на „NBC“ со што му измами насмевка на Меси, а потоа го праша да именува кои се „најголемиот некогаш“ од некои други спортови што ги следи.

“Во фудбалот, за нас Аргентинците, Марадона отсекогаш беше тој – нашата најголема легенда некогаш, најголемиот играч поради тоа што претставуваше за сите нас. Иако бев млад, Диего ги надминуваше сите – беше нешто поголемо од било какви граници”, рече веднаш Лионел Меси кој не сакаше самостојно да се китерува со титулата „GOAT“ (најголемиот некогаш, заб. на авт.).

“Ако зборуваме за некој друг спорт, мислам дека слично беше со Џордан. Исто така многу ги ценам тенисерите како што е Рафа Надал. Мислам дека тие тројцата – Надал, Федерер и Ѓоковиќ – направија ривалството да биде многу поголемо отколку што беше”, додаде тој.

.