Ваков Арсенал ни спреми Арсен Венгер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еве формација која ќе ја форсира Арсен Венгер во наредната сезона, но очекуваме уште некое засилување.

Од Венгер се очекува да игра формација како во минатата сезона, 4-2-3-1. Сепак, медиумите пишуваа за евентуална трансформација во 4-3-3, но тешко дека ќе се верува дека таа формација ќе се користи во дуелите со силните тимови.

Голманот се знае, а рековме дека најголем проблем е во одбраната.

Кошчелни е сигурен, одигра одлична сезона, беше константен, но другиот стопер е проблем.

Мертезакер е далеку од најдобрата форма во својата кариера, додека Габриел покажа слабост во поедини натпревари и директно го чинеше Арсенал бодови.

Се споменуваат евентуални засилувања, но конкретни чекори на Арсен Венгер нема, па не треба да се очекува дека ќе ги направи до крајот на преодниот рок кога не ги направил досега.

Средината на теренот е нешто најсилно што Арсенал има, убедени сме дека нема да доведе повеќе засилувања на овие позиции, може само да доведе ако замине некој.

Заминаа Артета, Росицки и Фламини, но стигнаа Елнени (уште во јануари) и Гранит Џака, свежи сили и момци кои се спремни за најголемите напори.

Тука се уште Кокелан, Казорла, како и во целост опоравените Ремзи и Вилшер. Сигурно е дека Вилшер ќе игра како офанзивен играч за врска, можно е дека често Венгер ќе го користи и Ремзи нешто офанзивно. Останатите ќе ги завземат двете позиции на средината на теренот.

Офанзвивните играчи се знаат, Санчез, Ивоби, Велбек, Вилшер, сите тие можат да играат на крилните позиции, па дури и Озил кој повеќе сака да игра на позиција централен играч за врска. Тука е Ослејд Чембрлен, како и Тео Волкот, па и Џоел Кемпбел.

Некои од нив можат и во самиот напад каде што најверојатно ќе стартува Оливие Жиру доколку Арсен Венгер не се предомисли и не доведе врвно засилување. Волкот и Велбек може да играат во самиот напад, а од позајмица се враќа и Јаја Саного кој добиваше шанса да се покаже во претходните години.

Еве како може да изгледа екипата на Арсенал во следната сезона:

Гледате и самите дека има доста играчи, некои не ги наведовме во тимот како Џенкинсон или Саного бидејќи сме сигурни дека нема да играат во силни натпревари и можеби ќе бидат испратени на позајмица.

Треба да се очекува продажба на играчи како Чембрлејн и Волкот како што беше најавувано во англиските медиуми, а треба да се очекува дека и неколку фудбалери да одат на позајмица во друг клуб, кандидати дефинитивно се Чемберс и Ивоби.

Засилувања се очекуваат, се споменува Арда Туран како големо засилување од Барселона, дури и на попуст.

Мислите ли  дека овој Арсенал е вреден за титула?