Ваков гест не се заборава: Зверев побара нешто за Ѓоковиќ што никој друг не би направил!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако завршни турнирот во Торино, Александер Зверев зборуваше за мерките со кои ќе се соочат тенисерите и тенисерките на Австралијан опен.

Уште се чека официјална информација од Австралија дали сите тенисери ќе мора да бидат вакцинирани или ќе може да играат и тие без вакцина.

Новак Ѓоковиќ во минатото зборуваше за вакцинацијата, а во последно време не сака да ги откри своите медицински податоци, односно дали примил вакцина, а со тоа неизвесен е и неговиот настап во Мелбурн.

Зверев по освојувањето на турнирот во Торино им порача на организаторите дека треба да направат исклучок за Ѓоковиќ.

„Тоа е тешко политичко прашање, но посетата на земјата нема врска со тенисот. Се надевам дека Ѓоковиќ ќе игра. Се надевам дека организаторите ќе направат исклучок“, кажа Зверев.